Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денеска од 18 часот го играат последниот натпревар за оваа календарска година, против тимот на Гостивар.
Гостивар е вториот дебитант кој после Блокотехна пружи одлични партии оваа сезона и успеја да го заземе врвот на табелата. Поранешниот тренер на Куманово, Марјан Србиновски е предводник на Гостивар и сигурно ќе знае како да се спротистави на својот поранешен тим.
Куманово во последниот натпревар покажа дека знае како да се бори против дебитантите кои ја имаат фаворитската улога, па сигурно ќе се обидат да забележат нова победа со која ќе забележат пласман од второто до четвртото место.
Натпреварот се игра во Гостивар, со почеток во 18 часот а ќе има и директен пренос на МРТ.