Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денеска од 20 часот играат против екипата на МЗТ Скопје Аеродром, во салата Јане Сандански во Скопје.
Кумановчани ќе имаат тешка задача да извојуваат победа против актуелниот шампион и да се вратат на победничките патеки. Во рамките на оваа коло, Карпош Соколи доживеја нов пораз од Фени Индустри, па евентуална победа би значела многу за Куманово во финишот од првенството.
Од друга страна МЗТ Скопје заврши со настапот во АВА лигата уште на почетокот на овој месец, па сигурно тимот на Александар Јончевски има добиено на свежина во овој период.
До крајот на првенството има уште осум кола во кои Куманово се обидува да дојде до втората позиција која носи директен пласман во полуфинале од плејот, меѓутоа и го брани третото место кое е се позагросено од тимот на Фени Индустри.
Натпреварот ќе биде директно пренесуван на МРТ.