Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонската публика конечно го дочека стартот на најквалитетното кошаркарско првенството. Во недела започнуваат сите натпревари, а дерби на колото го играат Работнички и Куманово.
Војната на релација МКФ - Здружение на Прволигаши е ставена во мирување со цел да не трпи кошарката и конечно да започне првенството. Куманово сепак ќе ја тужи МКФ поради задоцнет старт поради кој Куманово изгубило спонзори и трпи огромни финансиски штети. Тие ќе ги започнат натпреварите од првенството, а правдата ќе ја бараат на суд.
Кумановчани засега играат одлично во БИБЛ лигата и сигурно е дека за нијанса ќе бидат повоиграни во однос на Работнички. Тимот од Градски парк ќе сака да дебитира со триумф пред своите навивачи, што е најава за одличен натпревар кој ќе биде директно пренесуван на МРТ.
Првенството официјално ќе започне со уште еден дерби натпревар, помеѓу Кожув и Фени Индустри, а во ист термин започнува и првиот натпревар на ланските Второлигаши АВ Охрид и Пелистер. Во недела во 18:30, Струмца го пречекува тимот на Вардар.