Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска кошаркарите на Куманово и гостуваат на екипата на Работнички во првиот натпревар од завршницата на домашното првенство.
Покрај сите турбуленции и проблеми кои ги имаше Куманово оваа сезона и ако се земе во предвид дека клубот беше недалеку од сценариото „Карпош Соколи“, пласманот во Плеј-оф значи успешна сезона и издигнување на клубот над сериозните проблеми кои му се случија.
Голема заслуга за сето тоа има и тренерот Александар Петровиќ кој дојде во таков специфичен момент и успеа со претежно домашни кошаркари и само двајца странци да направи ваков резултат.
Од друга страна Работнички се враќа на големата сцена и нема скриена амбиција за освојување на домашното првенство. Нивниот тим е искусен и составен од кошаркари кои знаат како се освојуваат трофеи, па притисокот е на нивна страна бидејки се освен титула ќе се смета за неуспех.
Куманово може да влезе растеретено во овој дуел, да го пружи својот максимум од натпревар во натпревари и да очекува продолжување на серијата каде ќе ја бара својата шанса. Работнички во регуларниот дел од сезоната имаше само два пораза, а првиот го доживе токму од Куманово, па кумановчани покрај МЗТ Скопје се единствената екипа што знае како е да се победи Работнички оваа сезона.
Натпреварот се игра во салата Градски парк со почеток во 19 часот. Натпреварот можете да го погледате на стримот подолу.
Фото: mkf.mk