Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарските екипи на Куманово и Бал фор Лајф утре гостуваат во Скопје каде што ќе ги одиграат своите натпревари против Вардар односно МЗТ Скопје.
Прволигашкиот претставник ќе игра против екипата на Вардар. Ова ќе бидне прв натпревар без Александар Костовски кој кариерата ја продолжува во Романија. Тимот на Србиновски би требало да забележи нова победа, а кога е во прашање квалитетот на тимовите, шанса би требало да добијат и помладите кумановски кошаркари во овој состав. Натпреварот започнува во 19 часот а ќе бидне директно пренесуван на МРТ.
Бал фор Лајф го игра најбитниот натпревар во досегашниот дел од сезоната. Тие утре и гостуваат на екипата на МЗТ Скопје. Аеродромци пријавија екипа во третата лига које е составена претежно од млади кошаркари кои би требало да бидат дел од првиот тим во некоја од наредните сезони. Досега МЗТ одигра три натпревари и забележа убедливи три победи. Бал фор Лајф засега имаат четири победи и еден пораз, па од клубот посочуваат дека томку овие две екипи се најсериозните кандидати за врвот на табелата.
Натпреварот се игра во салата Јане Сандански со почеток во 19:30.