Куманово не успеја да го изненади шампионот
15.03.2016 23:05
| KumanovoNews
Екипата на Куманово не успеја да направи изненадување на натпреварот против МЗТ Скопје и загуби со резултат 79-71.
МЗТ Скопје имаше водство во текот на целиот натпревар и не дозволи Куманово да запише нова победа против актуелниот шампион. Кумановчани најблиску беа во вториот период кога има два поена негатива, а на полувреме заминаа со минус четири поена.
По паузата МЗТ го покажа својот квалитет, направи максимална предност од 16 поени која беше преполовена до крајот на натпреварот, но беше доволна да обезбеди нова победа на актуелниот шампион.
Ѓорѓе Дреновац со 20 поени беше најефикасен кај победникот. За Куманово, Бојан Трајковски постигна 22 поена.
Следниот натпревар Куманово го игра против екипата на Бест.

