Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово не успејаа да забележат нова победа во натпреварот против големиот ривал Лирија.
Куманово имаше почетно водство на натпреварот до средина на првиот период, но потоа гостите од Сарај направија разлика од максимални 13 поени разлика. Во продолжението од мечот Куманово успеја да направи кам-бек, дури и да поведе на неколку минути пред крајот на натпреварот но сепак на крајот забележа нов пораз.
Урош Луковиќ и Вукашин Мандиќ беа најефикасни поединци во домашниот состав со 28 односно 24 поени. Кај гостите Бојан Трајковски постигна 33 поени.
Конечен резултат на натпреварот беше 87-90.
Следниот натпревар Куманово го игра против екипата на Кожув во рамките на БИБЛ лигата на гостински терен.