Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Второлигашот Куманово немаше сили да му се спротивстави на расположениот состав од Струмица и вечерва на домашен терен изгуби со резултат 87:96.
Домашната екипа лошо го почна мечот, што резултираше со нов пораз на свој терен (26:31 20:26 20:21 21:18) .
Струмичани одиграа одличен натпревар во кој постојано имаа контрола на резултатот и играта и во ниту еден момент не му дозволија на домашниот состав да направи пресврт. Победата ја најавија уште во првото полувреме кога имаа плус 5 (46:51). Во продолжението кумановци се обидоа да ја анулираат предноста, но немаа сили да му се спротистават на разиграната Струмица.
Абрашев беше најефикасниот кај КК Струмица со 24 поени.
КК Куманово, во Втората лига е на петтото место.