Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово се суспендирани од МКФ и нема да го играат натпреварот против АВ Охрид.
Кумановчани остануваат на ставот дека нема да ја платат втората половина од котизацијата и лиценците.
Првенството започна кон крајот на ноември, ги подмиривме првичните трошоци, а за неполни два месеца пристигнуваат нови фактури. Освен нас Карпош Соколи, Кожув и Струмица се суспендирани како и голем број на екипи од младинските категории. Се се сведува на тоа дека кошарката во Македонија се игра за да се плати котизација - изјавија од КК Куманово.
Разврската на проблемот ќе се бара во наредниот период кога би требало да има Здружение на прволигаши. Куманово утре ќе го загуби натпреварот а на располагање има 7 дена за разрешување на конфликтот. Доколку и следниот викенд Куманово загуби службен натпревар тогаш ќе биде префрлен во понизок ранг на натпреварување.