×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово немаше среќа во Струмица

    21.10.2010 15:53 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Kуманово го претрпеа и третиот пораз во годинашниов шампионат. На гостувањето во Струмица беа совладани од домашната екипа АБА со резултат од 82:74.

    Куманово немаше среќа во Струмица

    Избраниците на Димитриjевиќ немаа сила да направат резултатски пресврт во финишот од средбата. На 6 минути од крајот изедначија на 62:62 но домаќините предводени од расположениот Цветков и американецот Босвел кој беа и најефикасните стрелци на натпреварот не дозволија изненадување.

    Куманово одлично го започна натпреварот до 16 минута постојано имаа водство но по многуте грешки во нападот дозволија струмичани да направат резултатски пресврт и по првото полувреме да заминат на одмор со предност од 5 поени (40:35).

    Во второто полувреме домаќините успеа со одличниот шут за три да ги надиграт кумановци кои на паркетот во салата парк играа дезориентирано. Смогнаа сили во 4 период но само до изедначување по што домакините повторно го искористија своето оружеј од линијата  6,75 и направија недостижна предност од 8 поени на кои постојано ја одржуваа до крајот на средбата. Најефикасен во таборот на Куманово беа Матиќ и Станимировиќ со по 18 постигнати поени.

    Домаќините многу повеке ја посакуваа победата отколку ние кои постојано игравме во грч. АБА успеа да ги казни грешките на нашите играчи кои потоа не можеа да се вратат во игра - изјави по натпреварот Горан Димитриjевиќ.