Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарите на Куманово денеска доживејаа пораз на домашен терен од екипата на Металурт Јуниор со резултат 32:33.
Тимот на Металруг го започна натпреварот фуриозно по што се доби впечаток дека ќе издвојуваат лесна победа против кумановчани. Куманово со десеткована екипа успеја да ги консолидира своите редови по што успеја да замине на полувреме со резултат 15:15.
Второто полувреме започна слично како и првото, по што Куманово успеја на десетина минути пред крајот на натпреварот да стигне до нерешен резултат 26:26 и натпреварот да продолжи да се игра од гол за гол.
Димковски и Трајковски во последниот напад со цепелин поентираа за нерешен резултат на натпреварот, но при враќање во одбрана Трајковски се најде во центар при што беше исклучен 2 минути во последните 10 секунди на натпреварот што беше доволно Металург со играч повеќе да постигне гол за победа.
Најефикасен поединец на натпреварот кај Металург беше Мартин Манасков со 12 гола и Мартин Ставридис со 7. Во Куманово Љубиша Димковски постигна 7 гола а Влатко Тасевски го заврши натпреварот со 6 гола.
Следува тешка сезона во која ќе треба да ја дооформиме нашата екипа која е составена од домашни играчи. Одигравме добар натпревар во кој можевме да освоиме бод. Не очекува напорна работа и воигрување на тимот. - изјави после натпреварот новиот тренер на екипата Миодраг Јовановски - Црни.
После долгогодишна работа во женскиот ракомет, Миодраг Јовановски од пред неколку дена е нов тренер на машката екипа на Куманово.