Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово извојуваа победа против тимот на Фени индустри со резултат 64:60, додека третолигашот Бал фор Лајф загуби на натпреварот против Овче Поле со резултат 73:69.
Во неизвесен натпревар Куманово пружи одличен отпор на второпласираната екипа од Кавадарци, и не дозволи противникот да направи повеќе од 5 поени предност. Во средината на послениот период, Куманово го сврте натпреварот и успеја да извојува битна победа пред продолжение на првенството. Јонел Браун постигна 15 поени додека Марјан Јаневски го заврши натпреварот со 13 постигнати поени. Слениот натпревар на Куманово е против Работнички во рамките на Купот на Македонија.
Кошаркарите на Бал фор Лајф загубија на гостувањето во Свети Николе со резултат 73:69. Кумановскиот состав лошо го започна натпреварот и не успеја да направи разлика иако имаше неколкупати имаше водство во првото полувреме. Проблемите со лични грешки на клучните играчи беа пресудни во продолжение, и не успејаа да направат пресврт во крајот на натпреварот. Дарко Смиљковиќ и Наум Јакимовски постигнаа 14 поени во тимот на Бал фор Лајф.
Следниот натпревар, Бал фор Лајф го играат за две недели на домашен терен против Борец Баскет од Велес.