Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово успејаа да направат враќање во натпреварот и забележаа победа по продолжение со резултат 108:103.
Во првата четвртина Кожув постигна 37 поени наспроти 19 кои ги постигна Куманово па се чинеше дека натпреварот е готов. Иако домашниот тим настапи без Данило Мијатовиќ чиј статус сеуште е неизвесен, кумановчани се вратија во натпреварот и успејаа да извадат нерешен резултат.
Во продолжението Димитар Караџовски беше предводникот на Куманово, па со неколку поени и асистенции ја зголеми разликата на 7 поени, а потоа и мирно го приведоа натпреварот кон крајот.
Марјан Јаневски со 29 поени беше најефикасен поединец на мечот. Кај гостите Кенион Мекнил го заврши натпреварот со 31 поен.
Со овој натпревар започна Супер-лигата, а следните два натпревара од првото коло ќе се одиграат за 2 дена. Куманово покажа дека незгоден на домашен терен, додека тимот на кумановецот Михајловски потврди дека ќе бидне тврд орев за секој тим во Суперлигата.
Следниот натпревар Куманово го игра против Работнички на гостински терен.