Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркаскиот клуб Куманово вложил жалба на одлуката на КФМ да го казни клубот за натпреварот на Лирија.
Претседателот на клубот тврди дека тренерот и играчите не ги прекршиле правилата на игра во Сарај, туку биле жртви на неспортско и хулиганско однесување на поединци за време и по натпреварот.
Незадоволни сме од катастрофалниот однос и неенднаквиот аршин кој се применува кон одредени кошаркарските клубови. Вчера имаше состанок во КФМ на која присуствуваа претседателот и генералниот секретар и сите претседатели на клубовите во Супер лигата, како и судиите и делегатите. Тоа беше напорен 5 часовен состанок и се донесе одлука денеска повторно да се разгледува снимката од натпреварот, но јас сум песимист дека ќе дојде до промена на одлуката на комесарот за натпреварување, иако сите аргуманти кои беа изнесени на состанокот беа на наша страна. Ние тврдиме дека нема вина кај тренерот, ниту кај кошаркарите за сите настани што се случуваа во Сарај. Затоа ќе ја почекаме денешната одлука, а од утре ќе размислуваме за нашиот натамошен однос, дали ќе продолжиме под вакви услови да учествуваме во Супер лигата или не- изјави Виктор Божиновски, претседател на клубот.