Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово ја забележаа и втората победа во БИБЛ лигата одкако беа подобри од тимот на Башкими од Призрен.
Кумановчани одиграа солиден натпревар во првите три периода, меѓутоа падот во последниот период можеше скапо да го чини тимот на Србиновски. Последната четвртина Башкими ја доби со 32:15, но Куманово успеја да победи со резултат 83:86.
Кејуан Џонсон постигна 25 поени и беше најефикасен поединец на натпреварот. За Куманово Миладин Пековиќ постигна 21 поен, а Александар Костовски постигна 20 поени.
Следниот натпревар Куманово го игра против Кожув.