Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа нова победа во домашното првенство, одкако вчера беа подобри од вториот тим на МЗТ Скопје со резултат 77-73.
Кумановчани имаа резултатска неизвесност само во првата четвртина од натпреварот кога МЗТ имаше минимална предност во два наврата. Во вториот период Куманово направи двоцифрена предност која во еден момент имаше максимални 19 поени разлика. МЗТ Скопје резултатски се врати, но Куманово успеја да го исконтролира натпреварот и да не му дозволи предност на тимот од Аеродром.
Александар Андрејевиќ и Јован Црниќ постигнаа по 16 поени во победата на Куманово, а Филип Стојановски го заврши натпреварот со 10 поени.
Трамејн Изабел беше најефикасен во тимот на МЗТ Скопје со 21 поен.
Следниот натпревар Куманово треба да го игра против тимот на Академија ФМП на гостински терен. Во рамките на БИБЛ лигата Куманово требаше да одигра натпревар против Берое од Бугарија, меѓутоа поради позитивни случаи на Ковид-19 кај бугарскиот претставник, натпреварот е одложен.