Куманово пред празни трибини го пречекува Кожув
25.11.2016 23:06
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово ќе го одиграат вториот дуел против екипата на Кожув оваа сезона, но сега натпреварот ќе го играат пред празни трибини.

Причина е минатогодишната казна на Куманово по инцидентите во финалниот натпревар против МЗТ. Бидејки тоа беше последен натпревар во таа сезона, Куманово казната од 2 натпревари без публика ќе ја одработува оваа сезона.
Овие два тима се сретнаа во рамките на БИБЛ лигата каде што кумановчани беа поуспешни со резултат 84-76. Данило Мијатовиќ го предводеше тимот со 20 поени.
Дуелот Куманово - Кожув започнува во 19 часот.