Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денеска со почеток од 17 часот во Самоков (Бугарија) ќе го одиграат полуфиналниот дуел од регионалната БИБЛ лига.
Противник на македонскиот претставник ќе биде бранителот на шампионската титула, екипата на Галил Гилбоа од Израел.
Куманово на овој дуел ќе настапи ослабен без повредениот Ивица Димчевски, но и покарј тоа, тренерот Љубислав Луковиќ се надева на пласман во големото финале.
Игравме многу добра сезона во БИБЛ лига, а играчите поминаа повеќе важни натпревари кои помогнаа да се зголеми нивниот квалитет. Мораме да одиграме со максимална мотивација и против Галил Гилбоа да го покажеме најдоброто од нас. Противникот е фаворит, но јас верувам во изненадување, истакна тренерот на Куманово.
На вториот дуел од завршниот „Фајнл фор“ во БИБЛ, вечерва од 19 часот и 45 минути ќе играат бигарските екипи Рилски Спортист и Левски.