Куманово со +30 ќе го чека реваншот за пласман на „Куп 2014“
11.01.2014 18:17
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово издвојуваа убедлива победа против второлигашот Т-баскет со резултат 72:102.
Тимот на Куманово 2009 имаше водство речиси на целиот натпревар а победникот на натпреварот беше јасен со почетокот на втората четвртина. Гостите имаа одличен шутерски ден, постигнувајки 11 „тројки“ со 48% успешност.
Најефикасни поединци беа Паран и Луковиќ со постигнати 25 односно 22 поени. Кај домаќините Ѓорчевски постигна 18 поени.
Реванш натпреварот ќе се одигра за една недела во Куманово.