Куманово со Јонел Браун го пречекува Работнички
23.12.2016 14:11
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово во сабота во Спортската сала го пречекуваат тимот на Работнички, каде што свое деби ќе има Американецот Јонел Браун.

Работнички е единствената непоразена екипа во домашното првенство, а Куманово ќе се обиде со новото засилување да го одбрани домашниот терен и да ја забележи шестата победа во домашното првенство.
Во првиот натпревар Работнички го демолираше Куманово со резултат 89-52.
Натпреварот започнува во 19 часот и се игра во Спортската сала во Куманово.