Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фреди Мексвеин и Срѓан Лаловиќ се новите две засилувања на КК Куманово, кои веројатно во недела ќе дебитираат на натпревар против вториот тим на МЗТ Скопје.
Срѓан Лаловиќ доаѓа од тимот на Игокеа, има 214цм. и игра на позицијата центар. Американскиот интернационалец игра на крилната позиција, досега има настапувано во тимови од Австрија, Бразил, Финска и Луксембург. Минатото коло го пропушти поради административни проблеми и беше најавен за овој викенд, меѓутоа сеуште го нема на листата на регистрирани играчи, за разлика од Лаловиќ кого со сигурност можеме да го очекуваме во недела.
Тимот на Куманово го напушти и бекот Кејлеб Џозеф.
МЗТ Скопје Уни Банка досега има една победа и осум пораза и се наоѓа на 11.позиција веднаш зад Куманово кој има една победа повеќе. Натпреварот од десеттото коло се игра во салата на училиштето Перо Наков во недела со почеток од 18 часот.