Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово ја забележаа десеттата победа во првенството, одкако денеска беа подобри од Струмица со резултат 93-76.
Куманово имаше целосна контрола на денешниот дуел, и само прашање беше конечниот резултат со кој ќе заврши овој натпревар. Јаневски и Мекиќ беа со 21 односно 20 поени беа најефикасните поединци во домашниот состав. Во последните неколку натпревари речиси сите кошаркари на Куманово добиваат шанса да влезат во игра, потег за поздрав што не беше секојдневие во предходните години.
За тимот на Струмица Димитар Делипетров постигна 24 поени.
Следниот натпревар Куманово го игра против МЗТ Скопје на гостински терен.