Куманово убедлив против Пелистер
03.03.2013 11:31
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово убедливо ја совладаа екипата на Пелистер Спорт со резултат 92:77.

По крајот на првиот период, Куманово имаше водство од 9 поени разлика. Во натамошниот тек на натпреварот, кумановчани успејаа да ја одржат и постепено да ја зголемуваат оваа разлика која на крајот на натпреварот изнесуваше 15 поени. Лесниот натпревар му дозволи на тренерот Луковиќ да игра со сите 12 кошаркари.
Најефикасен на натпреварот беше Ентони Дивејн со постигнати 24 поени додека кај гостите Владимир Сатариќ постигна 16 коша.
Следниот натпревар КК Куманово го игра против екипата на Струмица.