Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарската федерација на Македонија донесе одлука во која се казнува КК Куманово со парична казна од 32 иљади денари и забрана на настап на центарот Урош Луковиќ.
После прегледаната снимка од натпреварот донесена е одлука каде техничката грешка на Љубисав Луковиќ се санкционира со 32 иљади денари, а Урош Луковиќ доби парична казна од 20 иљади денари и забрана на настап против МЗТ Скопје.
Во таборот на домаќините, Идризи се казнува со 5.000 денари поради вмешаност во конфликтот, клубот е казнет со 5.000 денари поради националистичко навивање а Иван Саздов треба да плати 2.000 денари поради техничка грешка за време на натреварот. Фрлањето на тврди предмети не е санкционирано бидејки се случило после завршување на натпреварот.