Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Додека трае кошаркарската криза во Македонија, кошаркарските клубови формата ја одржуваат преку пријателски натпревари. Утре во Куманово ќе гостува тимот на Струмица.
Натпреварот се игра во 18 часот а влезот е слободнен. Конфликтот помеѓу клубовите и Македонската кошаркарска федерација кулминираше со свикување на Вонредно собрание, а почетокот е одложен за неодредено време. Најголем проблем имаат клубовите кои настапуваат во БИБЛ лигата, и неможат да фатат вистински натпреварувачки ритам за оваа сезона, па тоа очигледно се компезира со пријателски натпревари.
Тимот на Куманово не е единствениот кошаркарски клуб кој ќе настапува во сениорските првенства на Македонија. Екипата на Бал фор лајф од оваа сезона ќе се натпреварува во Трета лига, каде што исто така почетокот на првенството е неизвесен.