Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово по речиси еден месец се враќаат на кошаркарскиот терен. Вечерва од 18:30 играат против тимот на Пелистер од Битола.
Фото: https://www.facebook.com/kumanovokk
Последниот натпревар Куманово го одигра против тимот на ФМП на 12.февруари по што следуваше завршницата во Купот и репрезентативната пауза.
Ова беше последна шанса за клубот да се консолидира и да се обиде до крајот на сезоната да забележи што повеќе победи. Шансата за пласман помеѓу првите шест екипи во Супер-лигата е теоретска, но поените се пренесуваат и во Плеј-аут каде што сигурно ќе биде потребна подобра стартна позиција, за да Куманово не доживее целосно фијаско оваа сезона со испаѓање од првенството.
Според сегашната ситуација, претендент за шестата позиција на табелата сигурно ќе треба да се има најмалку десет победи на своето конто, што значи дека Куманово во идеален случај треба да победи најмалку на шест од осумте натпревари до крајот на сезоната за да биде во игра за тоа последно место кое води во Супер лига. Тука се прашуваат и останатите екипи кои имаат подобра позиција многу лесно границата од десет победи може да биде недоволна.
Првиот противник не е најпогоден за остварување на оваа цел. Лидерот на табелата Пелистер пристигнува во Куманово одкако во заостанат натпревар против Феникс го забележа првиот пораз. Декуан Ејбром го напушти тимот на Куманово, додека Ненад Зивчевиќ и Ѓукан Ѓукановиќ нема да играат поради повреди.
Натпреварот се игра во салата на училиштето Перо Наков.