Куманово во 16 часот гостува на Еуро Никел (пренос во живо)

14.04.2021 14:21 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово ќе се обидат да ја прекинат серијата од три порази по ред, а за противник ќе ја има екипата на Еуро Никел од Кавадарци.

Куманово во 16 часот гостува на Еуро Никел (пренос во живо)

Се работи за заостанат натпревар кој требаше да се одигра во петтото коло, а тимот од Кавадарци има скор од 14-6 и е сигурен патник во Плеј-оф.

Куманово загуби на последните три натпревари, од МЗТ Скопје, Работнички и Кожув, па денеска сигурно ќе има тежок противник против кој треба да се врати на победнички колосек. Во нивниот последен меѓусебен дуел Куманово покажа одлична игра се до влегувањето на Зивчевиќ кој го запре течниот напад на Куманово а тимот од Кавадарци успеја да ја врати неизвесноста на натпреварот а подоцна и да победи со еден поен разлика.

Ненад Зивчевиќ веќе не е дел од тимот на Куманово и својата кариера ќе ја продолжи во Мароко, а колку тоа ќе влијае врз тимот останува да видиме.

Куманово треба да одигра уште три натпревари до крајот на регуларниот дел. Противници од долниот дел на табелата се Црн Дрим Грин мобиле и Вардар, а ги очеква уште еден натпревар против МЗТ Скопје.

Натпреварот започнува во 16 часот и можете да го погледате на стримот погоре.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk