Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово утре во салата на Економското училиште го пречекуваат тимот на МЗТ Скопје Аеродром.
Куманово ќе има тешка задача да избори против еден од кандидатите за освојување на домашното првенство а и претендент да се врати во најквалитетното АБА натпреварување. Победа во овој дуел за кумановчани ќе значи задржување на шансите за пласман во Супер-лигата, додека со пораз, дефинитивно нема да се најдат меѓу најквалитетните шест екипи, имајки го впредвид полесниот распоред на директниот конкурент на Куманово за шестата позиција, тимот на Кожув кој згора на се има и подобра меѓусебен дуел.
МЗТ Скопје вчера забележа победа во АБА2 плеј-оф против тимот на Спарс од Сараево, и со победа на домашен терен обезбедува финале во кое ќе се обиде да се врати помеѓу најдобрите екипи во АБА2 лигата. Можеби уморот, чувањето на силите или борбата на сите фронтови ќе биде можност за Куманово да направи изненадување на овој натпревар. МЗТ Скопје моментално се наоѓа на делба на второто место со 14 победи и три порази, а утрешниот дуел помеѓу Работнички и Блокотехна ќе го даде лидерот во првенството и второпласираната екипа.
Натпреварот започнува во 18 часот.