500x100-1
20. 11. 2010 22:42

Куманово загуби и од Лирија

Куманово загуби и од Лирија

Кошаркарите на Куманово го загубија еден од најклучните натпревари во годинешново првенство. Овој пат загубивме од Лирија со 88:97.

Кошаркарите на Куманово на почетокот играа тешко, и не успејаа резултатски да се одлепат. Ратко Петриќ забележа 2 лични грешки во првиот период, но одлично го замени Бојан Златковски. Покрај трите едно по друго промашувања на целиот кош од Ричерд Џетер, странските играчи во Лирија, а и целиот тим воопшто не делуваше како опасен противник. Во почетокот на втората четвртина го имавме најголемото водство од 6 поени разлика, и од тој момент целосно се руши играта на кумановчани. Лирија успева да поведе со 7 поени, и со таа разлика го завршува првото полувреме.

Црномурестите кошаркари на Лирија, и покрај многуте нерезонски шутеви, неорганизираната игра, успејаа до крајот на третата четвртина да ја зголемат разликата дури и на 12 поени.

Почетокот на последната четвртина наговестуваше пресврт на натпреварот. Нашите кошаркари успејаа да стигнат и до 1 поен разлика, но Ивица Вукотиќ искористи едно од двете слободни фрлања, па резултатот беше 80:81. Џетер Ричардс доби 5 лични грешки, но играчот што влезе на негово место Тошо Павлов ги постигна клучните поени со кои Лирија се врати на 6 поени разлика, а до крајот на натпреварот тоа беше зголемено на 9.

Кошаркарите на Куманово поразот треба да го бараат во лошиот шут. Имаа 31 обид за 3 поени од кои постигнаа само 8, промашија 12 слободни фрлања, а за 2 поена реализираа само 30 од 82 обида или 37% од ударите. Забележително е и тоа што кумановци на -1 немаа лидер во тимот, па во клучните напади никој во петорката несакаше да ја преземе одговорноста. Најефикасен беше Дарко Матиќ со 26 поени, но имаше исфорсиран шут со 4/13 за три поени.

Кај гостите Карлос Морбан постигна 27 поени, Ричард Џетер 24, а Џери Чевес постигна 20 поени а интерсно е што освен Џетер кој играше 34 минути, Морбан и Чевез ги изиграа сите 40.

Следниот натпревар Куманово го игра повторно на домашен терен против Овче Поле. Во првиот натпревар Овче Поле беше победник со резултат 94:83

Куманово загуби и од Лирија