Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија на првиот натпревар во новата година, одкако не успејаа да го совладаат тимот на Кожув и загубија со резулат 89-71.
Натпреварот се одигра во рамките на БИБЛ лигата, каде што Куманово е лидер на табелата, а Кожув се бори за пласман во втората фаза. Веројатно тоа е и мотив плус поради кој тимот на кумановецот Игор Михајловски одигра натпревар во кој имаше целосно водство и контрола во текот на сите 40 минути. Миливоје Мијовиќ и Кенион МекНил постигнаа 22 односно 21 поен во домашниот состав. За Куманово, Данило Мијатовиќ постигна 20 поени.
Утре од 19 часот овие два тима повторно ќе одиграат натпревар на истото место, но овој пат во рамките на домашното првенство. Дали Куманово ќе се одмазди за овој пораз или Михајловски повторно ќе има скалп за Куманово, останува да видиме во утрешниот натпревар.