Куманово загуби од Лирија, Луковиќ се враќа во Куманово
Кошаркарите на Куманово загубија на натпреварот против екипата на Лирија со резултат 97:95, но поголема вест е тоа што тимот го врати Урош Луковиќ во своите редови.
Тимот на Куманово на гостувањето кај Лирија одигра неизвесен натпревар во текот на првото полувреме. Третиот период беше оној кобен за Куманово, кога имаа негатива од 15 поени. Сепак Куманово 2009 го одведе натпреварот во неизвесна завршница каде загубија само со 2 поени разлика.
Диме Тасовски од Лирија постигна 21 поен, додека Мишковиќ во Куманово забележа 18 поени и 12 скокови.
Голема вест за Куманово е враќањето на Урош Луковиќ во тимот на Куманово. Миленикот на кумановската публика по краток настап во Тарту, се врати во клубот каде настапуваше минатата година иако се шпекулираше дека ќе го засили МЗТ Скопје.