Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија од актуелниот шампион и лидер на табелата МЗТ Скопје со резултат 61-80.
Карпош Соколи победија на дуелот против Кожув и му обезбедија на Куманово пласман во Плеј-оф каде што за противник ќе го имаат тимот на - МЗТ Скопје.
Разликата во квалитет е очигледна, па Куманово беше рамноправен противник единствено во првата четвртина од натпреварот. Ултра-кратката ротација не дозволи домашниот состав да направи поголемо изненадување на овој меч, додека гостите се разиграа одкако влегоа резервните играчи пред се Мекиќ кој постигна 19 поени до крајот на мечот. Ова беше прв наптревар на Данило Мијатовиќ во Спортската сала кој доби свирежи кога требаше да влезе во игра.
Со победата на Карпош Соколи над Кожув, Куманово го завзема четвртото место на табелата, и за противник ќе го има актуелниот шампион. Веројатно шансата за изненадување ќе се бара во домашниот натпревар, иако денеска МЗТ потврди дека за кратко време се има консолидирано и поврторно станува прв кандидат за титулата во домашното првенство. Во третиот натпревар денеска, Работнички го совлада Фени Индустри и обезбеди предност на домашен терен во дуелот против АБА лигашот Карпош Соколи.
Серијата помеѓу овие два тима започнува во петок и ќе се игра во три добиени натпревари.