Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија од актуелниот шампион МЗТ Скопје во првиот натпревар од кошаркарската Супер лига. Конечен резултат на натпреварот беше 78:92.
Во репризата од финалето на Купот на Македонија, кумановчани беа достоен противник само во првиот период од натпреварот. Удар за екипата на Куманово беше повредата на Ивица Димчевски па тренерот Луковиќ мораше ротира на бековската позиција.
Учесникот во Јадранската лига успеја постепено да ја зголеми разликата, која стана двоцифрена во третиот период. На моменти од четвртата четвртина Костовски успеја да ја намали разликата на шест поени, но МЗТ се врати успешно во натпреварот и го зголеми водството до крај на натпреварот.
Најефикасен на натпреварот беше Костовски со 26 поени додека во МЗТ Чековски постигна 22 поени.
Куманово и на следниот натпревар игра на домашен терен против екипата на Кожув.