Куманово загуби од Пеќ
09.02.2017 11:26
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово загубија на натпреварот од Пеќ со резултат 85-68.

Тимот на Пеќ клучната предност ја направи во вториот период, кој го доби со 11 поени разлика. Третата четвртина заврши со сличен резултат а во последниот период Пеќ рутински го приведе натпреварот кон мирна завршница.
Камерун Рандлес го заврши натпреварот со 25 поени и 5 асистенции. За Куманово Јонел Браун постигна 19 поени.
Следниот натпревар Куманово го игра против Фени Индустри на домашен терен.