Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија на домашен терен од Рилски Спортист дури по две продолженија. Натпреварот заврши со резултат 114-117.
Домашните кошаркари одиграа добро прво полувреме и заминаа со минимална предност од 45:42. Рилски Спортист имаше подобар шут во вториот дел од натпреварот, кој веројатно го одведе во неизвесна завршница. Куманово имаше неколку шанси да триумфира, промашувањето на Димчевски во регуларниот дел од натпреварот, и тројката на Тери Смит во првото полувреме не го промовираа Куманово во сигурен учесник на Фајнл-фор натпреварите.
Бранко Мирковиќ ја однесе победата во Бугарија со неговата серија од пет поени која беше недостижна за Куманово. Костовски со три поени ја подгреа надежта за пресврт, меѓутоа Мирковиќ беше прецизен од линијата за слободни фрлања, што значеше недостижна предност за Куманово.
Конечен реултат на натпреварот беше 114-117 а најефикасни беа Александар Костовски со 43 поени, кај гостите а Ентони Ли постигна 21 поен.