Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија од Карпош Соколи, во натпревар од Супер-купот на Македонија со резултат 82-72.
Недооформениот состав на Марјан Србиновски прикажа солидна партија и беше во игра речиси во текот на целиот натпревар против вториот претставник во АБА лигата за оваа сезона. Ако се земе во предвид дека репрезентативците пристигнаа во Куманово пред три дена, ростерот е неоформен и дека ова е прв натпревар на Куманово во новата сезона, грешките се разбирливи и секако дека има простор за оптимизам.
Тимот на Соколи успеја да го исконтролира резултатот, не загуби во ниту една четвртина, па покажа дека веќе има готова екипа за престојната сезона.
Данило Мијатовиќ беше најефикасен во тимот на Куманово со 21 поен. За Соколи Марк Ламонт постигна 16 поени.
Финалето на Супер-купот ќе се игра денеска од 20:30 помеѓу двата АБА лигаши, МЗТ Скопје и Карпош Соколи.