Куманово загуби во БИБЛ, утре го пречекува Пелистер
02.12.2016 12:15
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово го забележаа првиот пораз во БИБЛ лигата, одкако Сигал Приштина беше подобар на вчерашниот натпревар со резултат 79-67.

Кумановчани натпреварот го загубија во последниот период кога примија 24 поени а постигнаа само 15 коша. Марјан Јаневски беше најефикасен со 14 поени.
Пеколниот ритам за Куманово продолжува утре, кога ја пречекуваат екипата на Пелистер во Спортската сала.
Натпреварот започнува во 19 часот.