Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово го забележаа и третиот пораз во Супер-лигата одкако на гостински терен загубија од тимот на Кожув со резултат 83:79.
Тимот на Куманово имаше лош старт на натпреварот и единствено нешто што го држеше тимот во игра е феноменалниот Урош Луковиќ кој постигна 25 поени во првото полувреме од вкупно триесет и шестте кои ги постигна тимот на Куманово. Кожув беше во ритам и лесно наоѓаше решение до кошот на гостинот, па одтука се и максималните 17 поени разлика пред крајот на првото полувреме.
Во продолжението од мечот, Куманово ја стегна одбраната, а петорката без класичен центар и плеј-мејкер вродија со плод на тренерот Луковиќ.
Кожув ја губеше разликата и играше се потешко, па кумановчани дојдоа и до предност од еден поен.
Сепак во последните минути од натпреварот Кожув се врати во ритамот кој го имаше кога ја направи максималната разлика, и со неколку тројки не дозволи изненадување на Куманово во Гевгелија.
Најефикасен поединец на наптреварот беше Урош Луковиќ со 41 поен, 12 скока и 4 блокади. Кај домаќинот Мијаиловиќ и Штерјов постигнаа по 20 поени.
Следниот натпревар Куманово го игра следната среда против тимот на Струмица.