Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четворица тенисери од тенискиот клуб “Куманово 2010“ неодамна беа на пријателски натпревар во Штип на покана на тамошниот клуб “Астибо“.
Таму не пречекаа петнаесетина деца кои подолго време тренираат тенис и нашите четири деца кои тренираат седум месеци имаа прилика да запознаат една напредна игра и што е она што треба во развојниот процес да го постигнат преку тренинг. Видоа дека децата можат одлично да играат тенис без разлика на возраста ако тренираат четири години. Има и повозрасни кои сакаат да ја совладаат натпреварувачката тениска игра, и да учествуваат на ветерански турнири во различни градови - изјави тренерот Горан Китановски.
Китановски на терените на Градскиот кеј работи со групи од деца на возраст од 7 до 14 години.
Идејата за основање на клубот “Куманово 2010“ се родила пред три години, а официјално клубот постои само неколку месеци и има за цел да го заживее тенисот во Куманово.