Кумановски велосипедисти се тркаа во Србија
Двајца велосипедисти од Куманово, Стефан Петровски и Зоран Ристовски во состав на репрезентацијата на Македонија викендов учествуваа на трката Белград - Чачак.

Интернационалната трка е долга 150 км. Трката е во календарот на Светската велосипедска федерација и се бодува за светски куп. Настапија 104 велосипедисти при што Стефан Петровски се пласираше на 49 место, а Зоран Ристовски е на 69 место. Ова е подготовка на Стефан Петровски за учество на Медитерански игри во Турција во јуни во градот Мерсин - вели Марјан Петровски, спортски директор во “Вело - М“.
Стефан Петровски ќе учествува во олимпискиот тим во олимпискиот комитет и ќе ја претставува земјава на Медитеранските игри.