Кумановските боксери успешни во Србија, утре започнува Боксерската лига
13.04.2013 11:37
| KumanovoNews
Минатата недела Кумановските боксери успешно ја претставија нашата земја во Србија, овојувајки половина од вкупно 10.медали кои ги освои Македонија.
Николче Митевски, Никола Димитриевски, Џемаил Сакиповски, Бујар Османи и Ибраим Мустафи се боксерите кои се закитија со медал на турнирот кај нашиот северен сосед.
Утре започнува првото коло од Боксерската лига 2013 година во Штип, каде меѓу 14.пријавени екипи, за Куманово ќе настапат Џемаил Сакиповски, Николче Митевски и Ибраим Мустафи.