Кумановските бранители во шестнаест финалето во Љубaнци
03.09.2013 08:14
| KumanovoNews
Фудбалерите на Здружението на бранители “2001 Куманово“ на турнирот во мал фудбал во Љубанци се пласирале во шестнаест финалето, кое ќе се одигра вечерва.
Противниците беа силни, но и ние не бевме за потценување. Вечер во 21 часот во шестнаест финалето ќе играме со екипата “Манто 2013“. Посетеноста на натпреварите е голема и тоа создава убава атмосфера. По завршување на турнирот на сите приватни фирми кои не поддржаа ќе им дадеме благодарници - вели Предраг Петрушевски, претседател на “2001 Куманово“.
Во шестнаест финалето од турнирот се пласираше и кумановската екипа “Стела М“.
Средствата собрани од турнирот ќе бидат неменети за децата на загинатите бранители во воениот конфликт во 2001 година.

