×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските џиу џицу борци се вратија со 4 медали од Црна Гора

    22.11.2016 15:29 | KumanovoNews

    Изминатиот викенд се одржа меѓународен турнир во бразилска џиу-џица, „Монтенегро БЏЏ Опен 2016“ каде што кумановскиот клуб Стронгест енд рутс освои четири медали.

    Кумановските џиу џицу борци се вратија со 4 медали од Црна Гора

    На турнирот настапија нашите сограѓани Никола Петрушевски и Мартин Стефановски. Петрушевски се закити со златен медал во категорија до 82 килограми бели појаси со кимоно и сребро во категоријата до 85 килограми плави појаси без кимоно. Стефановски од турнирот се врати со две злата, и тоа во категориите до 70 килограми плави појаси со кимно и во категоријата до 67 килограми без кимноно.

    Нашиот клуб имаше одличен настап на овој турнир. Настапивме само двајца борци за донесовме четири медали. Ова е доказ дека нашиот клуб е на вистински пат, дека се движиме во вистински правец. Се заблагодарувам на сите кои не подржаа. - изјави Мартин Стефановски, тренер во клубот.