Кумановските кошаркари против екипата на Пелистер
12.10.2019 13:27
| KumanovoNews
Кумановските кошаркари, денес во 18.30 часот, ќе го одиграат натпреварот од Првото коло, против екипата на Пелистер.

"Нашиот тим го очекува прв натпревар против екипа која што како и нашата има амбиции да се бори за место во Суперлига. Очекуваме интересен натпревар, и посакуваме нашиот состав да се прикаже во што поубаво светло на стартот на новата сезона",- рече Дамир Вујадиновиќ.
Овој натпревар КК Куманово ќе го игра засилен со поранешните кошаркари, Мекиќ, Пенов и Думиќ, како и Марјан Младеновиќ.