Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пинпонгарскиот клуб „Куманово“ во наредниот период ќе има свои претставници во националната селецкија на Македонија. Ива Димитриевска и Страше Коцевски ќе земат учество на две пооделни Европски првенства.
Младата Ива Димитриевска која во 2017 година ги постигна своите најдобри резултати со неполни 16 години, од 13 до 17 овој месец како член на женската сениорската репрезентација на Македонија ќе ја преставува нашата држава на Европското екипно првенство за сениори што се одржува во Луксембург.
Вториот наш преставник што ќе ги брани боите на Република Македонија на едно Европско првенство е Страше Коцевски кој како член на репрезентација на Македонија за лица со инвалидитет , од 28 септември до 5 октомври ќе учествува на Европското поединечно и екипно првенство во Лашко - Република Словенија “ - ни изјави координаторот и тренер на Пинпонгарскиот клуб „Куманово“ Мики Трендафиловски.