Кумановските ракометари со убедлива победа против екипата на Ѓорче Петров
12.11.2019 11:43
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово, во рамките на осмото коло од Првата машка лига, без поголем напор ја совладаа екипата на Ѓорче Петров.

Натпреварот заврши со резултат 31:24.
Куманово беше во водство и на крајот од првото полувреме со резултат 13:10, а веќе во второто полувреме достигна разлика и од 7 гола, односно со резултат од 19:12, со што победата беше сосема предвидлива.
Најдобри стрелци на настанот беа Тасевски и Миладиновски со по 8 гола.