Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во рамките на Регионалната женска ракометна лига, ЖРК Куманово викендов извојуваа победа и на двата натпревари од второто коло на лигата.
Натпреварите беа одиграни на домашен терен, а во првиот меч против ОРК Рудар од Црна Гора завршија со резултат од 29:20.
Првото полувреме од натпреварот, ракометарките го завршија со резултат од 15:9, додека пак во второто полувреме успеаја да достигнат и разлика од 10 гола, за на крајот да завршат со резултат од 9 гола разлика.
Најефикасни во текот на овој натпревар беа Кипријановска и капитенот Александра Боризовска со по 7 гола.
На вториот натпревар, од второто коло, нашите ракометарки, против екипата на ЖРК Зајечар, победија со резултат од 32:25.
"Победа и на вториот натпревар од регионалната женска лига на турнирот на кој што ЖРК Куманово беше организатор. Одлично отворање на второто полувреме на нашата екипа што ни донесе убедлива и заслужена победа"- изјавија од клубот.
Постигнати голови: Јована Кипријановска - 2 гола, Медеа Чокели - 5 гола, Александра Боризовска - 6 гола, Васка Глигоријадис - 3 гола, Леонида Гичевска- 8 гола, Мила Трајковиќ - 5 гола, Ангела Јанкуловска -1 гол, Тамара Ивановска - 1 гол, Ана Шарановиќ - 1 гол, Катарина Косановиќ - 12 одбрани, Ивана Наумоска - 2 одбрани.
Следниот турнир од регионалната лига ќе се игра во јануари.