Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановските ракометарки се први на табелата и победници на првиот дел од сезоната на Првата женска лига во денешниот натпревар против екипата на Металург, со резултат 38:27.
Одличниот почеток на натпреварот ракометарките на Куманово во првите 10 минути ги доведе до предност до 6:3, од кои 3 гола беа на Чокели и по еден за Мила Трајковиќ и Васка Глигоријадис.
Веќе во продолжението, во 16 минути од натпреварот резултатот беше 11:5 за Куманово, каде Косановиќ постигна 6 успешни интервенции.
Единствените грешки во овие минути за Куманово беа само поради нивното брзање во нападот.
На крајот од првото полувреме резултатот беше 20:8, со 8 интервенции на Косановиќ и најмногу голови на Чокели со 5 гола.
На почетокот од второто полувреме нашите ракометарки беа во водство со 28:10, со што беше извесна победата и покажаа дека со добра одбрана и добра комбинаторика во натпреварот можат да постигнат победа.
Натпреварот на само 10 минути од од крајот беше со резултат 34:18, за на крајот да забележат победа со 38:27.