Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Агенцијата за млади и спорт го објави списокот со ваучерите за спортските клубови за 2020 година како можност за добивање средства од фирмите, кои место за данок ќе ги пренасочат за спорт.
Најголеми средства за Куманово му се доделени на Кошаркарскиот клуб Куманово - 11,9 милиони денари, а потоа ЖРК Куманово со 2,5 милиони денари.
Додека пак од А група олимписки спортови од Куманово добија ваучери: фудбалскиот клуб Биџо Куманово 200,000 денари, Куманово Еуроспорт 200,000 денари, КК МКК Куманово 1,4 милиони денари, ЖРК Куманово 2,5 милиони денари, а РК Куманово 750,000 денари, ФК Речица 150.000 денари и ЖФК Речица 500.000 денари, ФК Куманово 200.000 денари.
Oд индивидуалните спортови БК Куманово 84 доби 50,000 денари, а Цикло Спорт Куманово 40,000 денари, АК Куманово 500.000 денари.
Од групата на неолимписки спортови-индивидуални, ваучери беа доделени и на: КБК Куманово 2006 80,000 денари, ЗССР Мак Дам Куманово 80,000, Пчиња Куманово 80,000, Куманово 150,000, ШК Куманово 200,000 и за Д Стронгест Куманово беа доделени 60,000 денари.
Во рамките на федерации кои реализираат програми од посебен интерес во Куманово, ваучери добија Глобал Куманово со износ од 60,000 денари и Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди Куманово со 300,000 денари.
Најмногу средства доби Ракометната федерација на Македонија односно 22,835 милиони денари (370.000 евра), додека пак резултатите на европска сцена на одбојкарите им го донесоа ваучерот во износ од 18,688 милиони денари, а пак кошаркарите се најдоа на третата позиција со 16,615 милиони денари односно околу 270.000 евра.
Ваучер со најголема вредност од 21,8 милиони денари добива европскиот шампион Вардар, потоа зад него е Еурофарм Пелистер, а потоа кошаркарските клубови МЗТ Скопје и Работнички.