Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На свеченостa во Валјадолид на Кирил Лазаров му беше врачено признанието „Пауерејд“ за најмногу настапи во сите ракометни натпреварувања во Шпанија во минатата сезона.
На свеченоста беше прогласен и идеалниот тим на минатата сезона.
Во него се најдоа: Даниел Шариќ (Барселона), Хуанин Гарсија (Барселона), Хулен Агинагалде (Атлетико Мадрид), Виктор Томас (Барселона), Сергеј Рутенка (Барселона), Јоан Канељас (Атлетико Мадрид) и Алекс Душебаев (Арагон).
Виран Морос (Барселона) е најдобар дефанзивец, а Гонзало Пораз од Ваљадолид, најдобар дебитант.
Најдобар тренер е Хота Гонзалез од Натурхаус Ла Роха, а најкорисен ракометар втора година по ред е Хулен Агинагалде.
Најдобриот македонски ракометар Лазаров тогаш одигра 37 меча за Атлетико Мадрид во сите конкуренции, пропуштајќи само една средба и со тоа стана најиздржлив ракометар во целата лига.